Првпат пишувам блог и се плашам тоа што ќе го напишам да не биде смешно или не знам какво..ама не е битно....се решив и морам од негде да почнам.
Daydreaming: Тоа е состојба што ме *поседува* поголемиот дел од времето....која толку многу ја сакам а ми прави и гоооолеми пореметувања во секјдневното функционирање во *земниот* свет..хаха....
Се прашувам од каде и зошто тоа чуство? Што е тоа? неисполнети соништа? Полесно е да сонуваш отколку да се фатиш за работа и да направиш нешто......да создадеш???? Толку прашалници, а сепак го знам одговорот....пффф Тоа е тоа!
Најголемиот проблем е нешто друго- како да ја смирам својата потреба да бидам СЕ :))) (е како да го објаснам ова сега....? :))) )да сум успешна во се, да патувам секаде, да живеам на сите омилени мои места во светов (невозможно нели?) да ги учам сите струки што ме интересираат....(а тоа се: јазици, Англиски, Италијански, fine arts, e-bussiness....доста е)..И доста е! На 26 години сеуште не знам што ме исполнува најмногу, што најмногу сакам да правам во животот.....А врмето си тече...или ќе мора да го променам моето сфаќање за поимот време, и да се убедам дека никогаш не прекасно за некои работи. НЕЛИ?
Сепак не е се така црно...кај луѓето околу мене секогаш предизвикувам пријатни чуства, ме проценуваат како позитивна личност (не се далеку од тоа), често пати сум СОС служба за најголемиот дел од моите пријатели :))) а сепак јас имам некоја празнина во мене...
Ама тука ќе мора да заврши приказната...
КРАЈ-СЕ ФАЌАМ ЗА РАБОТАААААААААААААААААА
I'm gonna get things done..my way!
Thursday, February 19, 2009
Subscribe to:
Posts (Atom)